Следниот месец повисоки пензии
11.02.2014 17:11
За 20-тина дена 600 денари повеќе ќе добијат сите пензионери. Надлежните уверуваат- пари во буџетот има исплатата ќе оди редовно...

За 20-тина дена 600 денари повеќе ќе добијат сите пензионери. Надлежните уверуваат- пари во буџетот има исплатата ќе оди редовно.
„Македонија е единствена земја во регионот, туку и во Европа што во вакви тешки времиња успеа да ги заштити пензионерите, не само да не ја зголемува старосната граница туку и да ги зголеми пензиите“, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Од 2006 наваму има континуиран раст на пензиите. Најниската е зголемена за 76 %.
„Просечната пензија во 2006 година изнесувала 7.683 денари, а во март годинава 12.445 денари, вкупното зголемување е 62%“, нагласи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Сојузот на пензионери на Македонија оценува дека зголемување на пензиите им го подобрува животниот стандард.
„Но и другите мерки го олеснуваат животот на граѓаните од третото доба, 170.000 пензионери имаат право на бесплатно болничко лекување“, вели Драги Аргировски од претседател на Сојузот на пензионери на Македонија.
На 15 ти феруари завршува огласот за бањско климатска рекреација на сметка на државата. Досега аплицирале 16.000 пензионери. Во Македонија оваа категорија граѓани брои 280 илјади.
Наташа Јанчиќ
