Шефовите на држави и влади од НАТО на средба во Брисел
Трамп е во Брисел каде што ќе се сретне со претставници од членките на НАТО, Алијансата којашто долго време ја критикува поради прениските вложувања во воениот сојуз.

Американскиот претседател Доналд Трамп е во Брисел каде што ќе се сретне со претставници од членките на НАТО, Алијансата којашто долго време ја критикува поради прениските вложувања во воениот сојуз.
Ова е прва НАТО средба и за Душко Марковиќ, премиерот на Црна Гора, која во јуни и официјално станува членка на алијансата, како и на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон. Освен за поделбата на активностите на НАТО, ќе се дискутира и за трошоците за одбраната, националните планови, идејата за приклучување кон меѓународната коалиција против терористите од Исламска држава преку потесна соработка на разузнавачките, воените и силите на правдата.
Новото седиште во Брисел ќе биде отворено со споменик посветен на чл. 5 од Вашингтонскиот договор и со парче од Берлинскиот ѕид. За локација е избран некогашен фронт, а денес симболизира соработка и дијалог.
