Почнува Оф-фест, за четири дена девет концерти
И годинава ќе има музика од Балканот со која ќе се отвори годинашното издание. Ќе биде претставен традиционалниот Севдах, кој е исполнет со меланхолија, копнеж и мечти.

Од денеска до 28-ми мај ќе се одржува 16-тото издание на Оф-фест. Македонската публика повторно ќе може да ужива во веселите звуци од Африка, но и во мистичните звуци од далечниот исток.
Покрај групите од Азија и од Африка, традиционално тука ќе бидат и португалското Фадо, модерниот скандинавски звук, забавните Италијанци, како и нашите „Љубојна“.
И годинава ќе има музика од Балканот со која ќе се отвори годинашното издание. Ќе биде претставен традиционалниот Севдах, кој е исполнет со меланхолија, копнеж и мечти.
За чеитири дена ќе се одржат девет концерти. Освен музичкиот дел, репертоарот е надополнет и со документарен филм кој ќе биде прикажан во киното „Фросина“.
Концертите ќе бидат во Македонскиот народен театар и во МКЦ.
