Братот и таткото на напаѓачот од Манчестер уапсени во Триполи

25.05.2017 12:18

Досега се уапсени осум лица поради наводна поврзаност со нападот по концертот на Аријана Гранде во кој загинаа 22 лица, а беа повредени шеесетина.

Помладиот брат и таткото на Салман Абеди, осомничениот напаѓач во Манчестер, се уапсени во Триполи. Британската полиција тврди дека британскиот државјанин со либиско потекло не дејствувал сам.

Досега се уапсени осум лица поради наводна поврзаност со нападот по концертот на Аријана Гранде во кој загинаа 22 лица, а беа повредени шеесетина.

При претрес во јужниот дел на Манчестер, полицијата изврши контролирана експлозија. Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека бомбашот-самоубиец им бил „познат“ на разузнавачките служби пред последниот инцидент за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.