Рочиштето против Богоевски одложено, Ахмети и Џафери не се појавија во судница

25.05.2017 12:29

Ахмети и Џафери го тужат екс разузнавачот, Слободан Богоевски за навреда и клевета за исказ кој тој го даде за случајот „Маѓар Телеком“ пред американскиот Окружен суд во Њујорк...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартиец, Муса Џафери, денеска не се појавија во судница. Тие го тужат екс разузнавачот, Слободан Богоевски за навреда и клевета за исказ кој тој го даде за случајот „Маѓар Телеком“ пред американскиот Окружен суд во Њујорк.

Рочиштето се одложи за 4-ти јули, а како сведок судот ќе го повика и нотарот пред кого Богоевски го дал исказот.

Во тужбата за клевета, Ахмети и Џафери од Богоески бараат парична отштета од 5,5 милиони денари.