Протести во Бразил
25.05.2017 12:38
Револтираната толпа ја опожари зградата на Министерството за земјоделство и уништи неколку други владини објекти. Минатата недела се појави снимка на која Темер наводно одобрува исплата на мито.

Владата на Бразил распореди војска околу зградата на министерствата во Бразилија по судирите за време на протестите против претседателот Мишел Темер кого демонстрантите го обвинуваат за корупција и бараат негова оставка.
Револтираната толпа ја опожари зградата на Министерството за земјоделство и уништи неколку други владини објекти. Минатата недела се појави снимка на која Темер наводно одобрува исплата на мито.
Претседателот предупреди дека е можно да се распадне коалициската влада, а Врховниот суд нареди истрага.
