Војската на Филипини со тенкови влезе во градот Марави

25.05.2017 13:59

Повеќе илјади лица бегаат од Марави, додека над градот се издига црн чад. Најмалку 20 лица загина во судирите кои избувнаа вчеравечер, кога војската упадна во засолништето на терористите во Марави.

Филипинската војска со тенкови влезе во градот Марави на југот на земјата каде бунтовниците, кои се поврзани со Исламска држава претходно палеа згради. Терористите киднапирале десеттина луѓе и извадиле црни знамиња.

Повеќе илјади лица бегаат од Марави, додека над градот се издига црн чад. Најмалку 20 лица загина во судирите кои избувнаа вчеравечер, кога војската упадна во засолништето на терористите во Марави.

Операцијата пропаднала кога екстремистите повикале засилување и потоа ги зазеле градското собрание, болницата, затворот и ги запалиле католичката црква, колеџот и неколку куќи.

Претседателот Родриго Дуерте воведе воена состојба на јужниот остров Миндан, најавувајќи дека би можел да ја прошири и на целата земја.