Хојт Ји ги осуди повиците за Голема Албанија

25.05.2017 14:03

Во интервју Ји изјави дека тој тесно ги координирал своите активности со Европската комисија и со европската дипломатска служба на Федерика Могерини, за да се издејствува давање на мандатот на Заев...

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Ји, ги отфрли изјавите и повиците на политичарите за создавање Голема Албанија, велејќи дека дел од нив се дадени во контекст на предизборни кампањи и не се одраз на желбите на албанските политичари во регионот.

Во интервју за порталот „Европски Западен Балкан“, во врска со Македонија, Ји изјави дека тој тесно ги координирал своите активности со Европската комисија и со европската дипломатска служба на Федерика Могерини, за да се издејствува давање на мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.