Протестите во БиХ губат на интензитет
11.02.2014 17:30
Улиците во Сараево се се уште блокирани, но протестите губат на интензитет...

Улиците во Сараево се се уште блокирани, но протестите губат на интензитет. Тамошните медиуми пренесуваат дека има повеќе новинари отколку демонстранти.
Кантоналните власти организираат разговори со граѓаните. Социјалдемократите во парламентот доставија измени и дополненија на изборниот Закон за вонредни избори на сите нивоа.
