Социјално претприемништво- можност за ангажирање на ранливите категории
Социјалното претпримеништво нуди можност за ангажирање на ранливите категории граѓани. Познавачите велат дека е потребен закон што ќе ја регулира оваа област. Во споредба со европските земји, кај нас бројот на ваквите претпријатија е многу мал. Претставници на компании велат дека задоволството е големо кога ќе видите лице со хендикеп или од семејство во ризик како прави нешто корисно и заработува пари.

Часови за готвење можат да бидат социјално- претприемачка активност. Со проектот кој го промовира стручното образование „Кул е да си кулинар“, од Здружението за социјална иновација, први во Македонија продаваа часови за готвење кои ги водат познати готвачи.
Освен за младите, социјално- претприемничките претпријатија од големо значење се и за социјално- ранливите категориите граѓани.
Социјално- претприемачките претпријатија кај нас се во фаза на оформување, велат познавачите, и тие се регулирани со постојните закони. За заживување на овој сектор велат е потребен закон.
Во Европа има 2 милиони социјални претпријатија, во нив се вработни 13 милиони луѓе.
Наташа Јанчиќ
