Претседателот Иванов на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“
25.05.2017 16:38
Шефот на државава, во базиликата „Свети Климент“, положи венец на гробот на светителот, ги посети и базиликите „Санта Марија Маџоре“ и „Сан Паоло“ и гробот на Свети Павле.

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов е во дводневна посета на Италија и на Светата Столица во Ватикан. Учествува на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Шефот на државава, во базиликата „Свети Климент“, положи венец на гробот на светителот, ги посети и базиликите „Санта Марија Маџоре“ и „Сан Паоло“ и гробот на Свети Павле.
Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе има аудиенција кај Папата Франциск. Во Ватикан ќе се сретне и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.
