Лажна тревога во Манчестер
25.05.2017 16:43
Британската полиција соопшти дека како дел од истрагата на нападот во Манчестер, извршила контролирана експлозија при претрес во домови во јужниот дел на градот.

Лажна тревога за бомба во колеџот во Трафорд, Манчестер. Неколку патишта беа блокирани, полицијата врши проценка на состојбата.
Британската полиција соопшти дека како дел од истрагата на нападот во Манчестер, извршила контролирана експлозија при претрес во домови во јужниот дел на градот.
Приведени се шест мажи и една жена која подоцна е ослободена.
Во Либија беа уапсени и таткото и братот на извршителот на самоубиствениот напад. Од полицијата информираа дека има докази дека таткото е поврзан со Исламска држава заедно со брат му.
