Груевски: Македонија веднаш да добие покана за НАТО и да почне преговори со ЕУ

25.05.2017 16:49

Груевски апелираше до членките на НАТО и ЕУ да ги започнат преговорите согласно договорот од 1995 година според кој, како што рече, нема никаква пречка да се започнат преговорите, а прашањето со јужниот сосед да се решава во од.

Да се упати покана на Македонија за членство во НАТО веднаш и да се почнат преговорите за членство во Европската унија, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Според него, земјава предолго се држи надвор од овие институции.

Груевски апелираше до членките на НАТО и ЕУ да ги започнат преговорите согласно договорот од 1995 година според кој, како што рече, нема никаква пречка да се започнат преговорите, а прашањето со јужниот сосед да се решава во од. Најдобро и најкорисно е, како што рече, особено по оваа политичка криза што се случи во Македонија да се најде начин и сили да се разговара и со соседна Грција.

Да се упати поканата на Македонија за членство во НАТО веднаш, годинава и да се започнат преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе даде нова сила, нова енергија- нагласи Груевски.