Иванов на аудиенција кај папата Франциск

26.05.2017 08:30

Шефот на државата денеска ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск. Во Ватикан ќе се сретне и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов во Рим ја предводи државно- црковната делегација која учествува на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. Шефот на државата денеска ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск. Во Ватикан ќе се сретне и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Вчера Иванов во базиликата Свети Климент, положи венец на гробот на светителот, а ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ, во 2015-та година  беше поставена спомен- плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.