Се бара повеќе тутун
Тутунарите ги прошируваат повшините со тутун. Зголемен е и бројот на склучените договори за производство и се очекуваат поголеми приноси. Истовремено поради ниските температури и измрзнувањето, тутунарите стравуваат дека нема доволно расад.

Од априлските ниски темератури настрада расадот поради што тутунарите велат дека ќе го нема доволно и некој од нив повторно се обидуваат да направат нов.
Годинава поради добрата ланска откупна цена и квалитетниот род земјоделците одлучија да го зголемат производството.
Тутунарите направија за 250 договори повеќе од минатата реколта и планираат да насадат тутун на површина поголема за 700 хектари.
Монополите беа во трка да направат повеќе договори со тутунарите.
Колкаво ќе биде производството ќе зависи и од обезбедувањето на расад и од временските услови до крајот на бербата, иако според планираното родот се очекува да тежи скоро 26.000 тони.
Од ланската реколта беа откупени малку повеќе од 25.000 тони.
Методија Трајков
