Италија по петти пат домаќин на средбата на Г-7
26.05.2017 10:24
Прво учество на ваков форум имаат американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот француски колега Емануел Макрон, британскиот премиер Тереза Меј и премиерот на Италија, Паоло Џентилони.

Во Таормина, Сицилија, се одржува дводневна средба на врвот на Г-7. Прво учество на ваков форум имаат американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот француски колега Емануел Макрон, британскиот премиер Тереза Меј и премиерот на Италија, Паоло Џентилони.
Со нив се и германската канцеларка Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Главна тема е безбедноста на граѓаните. Италија е ротациски претседател на Г-7.
