ВМРО-ДПМНЕ: СДС е синоним за деструкција и интриги

26.05.2017 10:40

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Заев за воведување консензуална демократија, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи за граѓаните и државата и ги штити нивните интереси, додека СДС е синоним за деструкција и интриги- стои во дописот од партијата. Оттаму додаваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги прави најголемите инфраструктурни зафати во македонската историјата, дека посебен акцент се стави на унапредувањето на здравството, образованието и на културата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Заев за воведување консензуална демократија, стои во дописот.

Граѓаните гледаат што се случува и не сакаат кога некој како Заев ги влече за нос. Затоа СДС треба да собере храброст и што е можно побргу да овозможи редовни локални избори и предвремени парламентарни, на кои граѓаните ќе можат да му кажат што мислат за сета негова деструкција и негаторски однос кон државата и нејзината иднина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.