СДСМ: Груевски да се подготви за опозиција и да понесе одговорност

26.05.2017 10:42

Никола Груевски правеше сѐ за целосно да ги загрози евроатлантските перспективи и да ја оддалечи земјата од цивилизираниот демократски свет.

Иако речиси 11 години имаше шанса да ги придвижи евроинтеграциските процеси за доброто на граѓаните на Република Македонија, Никола Груевски правеше сѐ за целосно да ги загрози евроатлантските перспективи и да ја оддалечи земјата од цивилизираниот демократски свет.

Наместо да поставува услови, Груевски треба да се подготви за опозиција и да понесе одговорност за она што и го направи на Република Македонија во изминативе години и да го остави чесното членство на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформските процеси кои носат добро за сите, се вели во соопштението.