Утре почнува полагањето државна матура
Полагањето на државната матура ќе почне утре во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

Од утре до 14-ти јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2017-та година, за која се пријавени вкупно 16.426 кандидати.
Полагањето на државната матура ќе почне утре во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.
На 10-ти јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.
Тестирањето по предметот математика е на 12-ти јуни, а пријавени се 2.070 матуранти.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14-ти јуни, за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2.900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684 и за естетика 193 кандидати.
Според видот на образование, 8.274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7.881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.
Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14-ти јули, односно еден месец по последниот екстерен испит.
