Се очекува составот на владиниот тим
Не се исклучува можноста дури и денеска Заев да ги објави имињата на новите министри.

На шести јуни истекува рокот до кога мандатарот Зоран Заев треба да соопшти дали успеал да го состави владиниот тим. Дотогаш до Собранието треба да испрати предлог со министерските имиња. Сепак, од СДСМ најавуваат дека нема да има потреба се чека крајниот рок. Не се исклучува можноста дури и денеска Заев да ги објави имињата на новите министри.
Сѐ поизвесно е дека речиси сите од СДСМ што беа дел од техничката влада, повторно ќе седнат во истите министерски столчиња. Извесно е дека и ДУИ ќе ги задржи истите ресори, освен Министерството за здравство.
Единствено нешто што сѐ уште е непознато е дали БЕСА ќе биде дел од владата бидејќи партија инсистира на спроведување на барањата од Тиранската платформа.
Многу појасно, околу составот на новата влада ќе биде по Конгресот на СДСМ, кој е закажана за утре, а на кој се очекува Заев повторно да биде избран за нов партиски лидер.
