Јапонската тинејџерка Сара Таканаши фаворитка за историско злато

11.02.2014 17:53

Најголема конкурентка на 17 годишната Таканаши ќе и биде американката Сара Хендриксон...

Јапонката Сара Таканаши ќе треба да го издржи фаворитскиот товар на вечерашниот историски прв натпревар во скијачки скокови за жени на Олимпијадите. 

Најголема конкурентка на 17 годишната Таканаши ќе и биде американката Сара Хендриксон која во вистински момент им се враќа на скоковите по повредата. За актуелната светска шампионка, 19 годишната Хендриксон ова ќе биде момент на вистината и потврда дали успеала да се рехабилитира максимално по незгодната повреда на коленото летоска на тренинг во Германија. 

Доколку тинејџерката од Јапонија успее да го победи психолошкиот притисок и да ги оправда очекувањата, ќе биде најмладата спортистка вооопшто која успеала да триумфира на скијачките скокалници, а Јапонија ќе ја вброи како прва земја победничка на сите четири настани во скијачки скокови. 

Дамите на првиот историски натпревар на зимските олимпијади ќе се борат за медали  само на помалата, 100 метарска скокалница во две сесии.