Случај „Труст“: Сеад Кочан на распит во СЈО
Првично, Кривичниот совет на скопскиот Основен суд му одреди притвор, но Врховниот суд го укина решението, а по повторното разгледување на жалбата на СЈО, на Кочан му беше одземен само пасошот.

Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, изутрината беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски.
Првично, Кривичниот совет на скопскиот Основен суд му одреди притвор, но Врховниот суд го укина решението, а по повторното разгледување на жалбата на СЈО, на Кочан му беше одземен само пасошот.
Кочан сега се брани од слобода, и даде гаранција од околу 900 илјади евра дека ќе биде достапен на органите на прогонот.
Имотот на бизнисменот е замрзнат на барање на СЈО. Осомничен е дека со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
