Сешнс ќе ја обжали одлуката за блокада на антимиграциската уредба на Трамп

26.05.2017 12:01

„Должноста на претседателот не е да прифаќа луѓе од земјите кои спонзорираат или засолнуваат терористи се додека не одлучи дека тие може да бидат соодветно проверени и дека не се закана за безбедноста на земјата“, изјави Сешнс.

Американскиот министер за правосудство Џеф Сешнс ќе ја обжали одлуката на судот кој ја  блокираше антимиграциската уредба на претседателот Трамп, најавувајќи борба за враќање на забраната за влез во САД на државјаните од шесте земји со мнозинско муслиманско население.

„Должноста на претседателот не е да прифаќа луѓе од земјите кои спонзорираат или засолнуваат терористи се додека не одлучи дека тие може да бидат соодветно проверени и дека не се закана за безбедноста на земјата“, изјави Сешнс.

Трамп тврди дека одлуките на правосудството се исполитизрани. Втората верзија на уредбата се однесува на Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен. Во првата беше опфатен и Ирак.