Саем за вработување во Штип
26.05.2017 12:21
Се претставија околу 30 компании од текстилната, автомобилската индустрија како и компании за производство на електроника за автомобили.

Во Штип, саем за вработување на кој невработените лица, но и другите заинтересирани ќе можат да се запознаат со можностите што ги нудат работодавачите и со потребите на пазарот на трудот.
Се претставија околу 30 компании од текстилната, автомобилската индустрија како и компании за производство на електроника за автомобили.
Во рамки на саемот се одржува и форум за работодавачи и инфо- средба за млади.
