Американците бараат извинување од Трамп за инцидентот во Брисел
26.05.2017 12:35
Граѓаните на САД бараат претседателот Трамп да се извини поради неумесниот потег во Брисел кога го турна црногорскиот премиер Душко Марковиќ за да застане во првиот ред.

Преку онлајн петиција, граѓаните на САД бараат претседателот Трамп да се извини поради неумесниот потег во Брисел кога го турна црногорскиот премиер Душко Марковиќ за да застане во првиот ред.
За да добијат официјален одговор од Белата куќа потребни се потписи од 100 илјади полнотелни Американци.
Инцидентот се случи за време на Самитот на НАТО, на кој Трамп учествуваше првпат откако дојде на функција.
