АРМ и Црвен крст во спасување животи при кризни состојби
Вежбата е во рамките на активностите за одбележување 25 години од постоењето и долгогодишната соработка меѓу АРМ и Црвениот крст.

Заедничка вежба на Армијата и Црвениот крст, на која беа презентирани постапки за спасување животи во кризни состојби. Вежбата е во рамките на активностите за одбележување 25 години од постоењето и долгогодишната соработка меѓу АРМ и Црвениот крст.
Во симулација на вонреден настан со повредени и ранети заедничкиот тим на припадниците на Армијата на Република Македонија и Црвениот крст на РМ денеска покажаа како правилно се реагира за спасување животи при кризни состојби.
Заменикот началник на Генералштабот на АРМ Мухамед Рацај рече дека најдобрата соработка се покажа за време на поплавите минатата година. Тој се надева дека оваа соработка и заеднички вежби и активности ќе продолжат.
Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, Саид Саити изјави дека Црвениот крст и АРМ имаат долга и плодна соработка и минатата година покажавме дека можеме заедно многу да помогнеме.
