Доделени наградите за најдобра истражувачка сторија
Александар Димитриевски е добитник на првата награда за истражувачко новинарство во 2016-та година што ја доделува Европската унија...

„Субвенции за растително и сточарско производство“ од новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за најдобра истражувачка сторија за 2016-та година, што ја доделува Европската унија. Второто место му припадна на Зоран Јовановски со сторијата „Пеплишта на смртта“, а наградата за најдобра сторија на млад новинар ја доби Славица Филиповска за темата „Бугарски пасоши за чиста Македонија“.
Наградите на новинарите им беа доделени денеска во ЕУ- Инфоцентарот од страна на Македонскиот институт за медиуми и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
„Во име на ЕУ сакаме да им искажеме почит за работата и за борбата за вистината. Новинарите играат корективна улога во општеството, а истражувачкото новинарство се бори против корупцијата и организираниот криминал. Им благодариме на сите новинари за нивната макотрпна работа“, изајви евроамбасадорот Жбогар.
За годинашниве награди за истражувачко новинарство конкурираа 26 автори со 32 стории.
