Метео: За викендот променливо, од понеделник потопло
26.05.2017 14:03
Утре околу пладне и попладне особено во крајните западни и источни делови може да се очекува повремен локален дожд на места со појава на ретки грмежи.

За време на викендот во Македонија и натаму ќе преовладува променливо облачно време. Утре околу пладне и попладне особено во крајните западни и источни делови може да се очекува повремен локален дожд на места со појава на ретки грмежи.
Ќе дува повремено засилен северен ветер,а дневните температури благо ќе се зголемат.
Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи особено попладне.
Од понеделник не очекува период на сончево стабилно и потопло време.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
