„Меѓаши“ бара хемиска кастрација на педофили

26.05.2017 14:06

Заедничко родителство по развод, право на посвоените деца да дознаат кои се нивни биолошки родители, чист воздух, како и задолжителна кастрација на осудените педофили се законите на кои „Меѓаши“ ќе бара измени од новиот пратенички состав. Како што велат, во соработка со други граѓански организации, продолжуваат со правната борба за детските права...

Задолжителна хемиска кастрација после првото кривично дело за полов напад врз дете, бараат од „Меѓаши“. Според нив, ова треба да се направи за да се избегне повторување на делото. Велат дека само на ваков начин може да се стави под контрола педофилијата. 

Заедничко родителство по разводот, право на посвоените деца да дознаат кои се нивните биолошки родители, право на чист воздух, се граѓански иницијативи кои директно ги засегаат децата, „Меѓаши“ ги поддржува и како што велат треба да се разгледаат во законодавниот дом.

Според Првата дестска амбасада не само граѓански организации, туку рамноправни партнери во креирањето на законите треба да бидат и децата, учениците и нивните родители.

Од „Меѓаши“ бараат поголема застапеност на детските права во дебатите во Собранието. Според нивните податоци, минатата година  за правата на детето индиректно се зборувало во само неколку комисии.