Животно осигурување: Расте интересот, пазарот сѐ уште недоволно развиен

26.05.2017 17:43

Полисите за осигурување на животот се зголемуваат. Нивниот број сѐ уште е далеку од европскиот просек...

Расте осигурувањето на живот, но иако со двоцифрени стапки на раст пазарот сеуште само тежнее да му се приближи на европскиот. Со убедување, дека во исто време се осигуруваш и штедиш, компаниите привлекуваат сѐ повеќе клиенти. Граѓаните пак сѐ уште го гледаат како алтернативна ситуација наспроти стравувањата од пензискиот систем, го ценат според повратокот на вложените пари со одредена добивка по истекот на осигурителниот период. Сепак, бројот на склучени договори и развојот на овој сегмент е сѐ поголем.

„Животното осигурување сочинува 15 насто од вкупниот осигурителен профит, но на запад тоа изнесува 50 насто, животно наспроти не животно осигурување. Развојот на овој пазар зависи од економскиот развој на државата, се забележува дека секаде каде има раст на економијата расте и животното осигурување“, вели Отмар Едерер, претседател на Граве корпорацијата.

Лани пазарот на живно осигурување регистрира бруто полисираната премија од речиси 1,3 милијарди денари. Компаниите очекуваат многу поуспешни години, конкуренцијата и понудата на пакети се зголемува. Поттикнати од штедната и осигурителна компонента, кај граѓаните расте свеста за финансиски сигурна иднина.

„Преку осигурувањето, штедејќи остварувале паралелно и сопствена парична сигурност за староста, од друга страна во случај на незгода со фатални последици финансиски го обезбедуваме семејството додека се прилагоди од немилата ситуација да има пари, на пример за да продолжи да ги образува децата и слично. Осигурувањето на живот е математички комплицирано, но може да се каже дека се добива онолку пари колку што биле вложени низ годините плус добивката од договорот“, објаснува Марко Микиќ, директор на осигурителна компанија.

13.800 договори за животно осигурување биле склучени минатата година, за 58,1 насто повеќе во споредба со претходната. И во политичка криза, осигурителниот пазар со раст. Поплавите и земјотресите двојно ги зголемија полисите. Според Агенцијата за супервизија на осигурување, имотот лани го осигурале над 26.200 лица, тројно повеќе од пред две години. Ако трендот продолжи, ќе се надмине рак раната, да се осигурува само она што мора.

 

Сузана Фиданска- Стоевска