ЗОИ СОЧИ 2014

Прво злато за Даша и Белорусија

11.02.2014 18:19

Прв медал во Сочи и за Белорусија и тоа златен...

Прв медал во Сочи и за Белорусија и тоа златен. 27 годишната Даша знаеше како против фаворитките, поискусните, како да надомести 32 секунди колку што стартуваше зад спринт победничката Кузмина, како да биде ефикасна на стрелиштата и на крајот убедливо да триумфира во бијатлонската потера на 10 километри.

Сите почести во комплексната дисциплина вечерва се за Дарја Домрачева, безмалку 38 секунди зад себе ја остави лидерката во светскиот куп Тора Бергер која мораше да се задоволи со сребро за Норвешка, а грешките на фаворитките знаеше да ги искористи и искусната словенка Теја Грегорин која во 33 година од животот му се израдува напрвиот Олимписки медал, за разлика од Домрачева која бронзата на 15 километри од Ванкувер ја преточи во пурсуит злато, а Бергер на златото од пред 4 години придодаде и Олимписко сребро од Сочи.