Северна Кореја истрела ракета
29.05.2017 10:16
Јапонија го осуди ракетниот тест поради опасноста за авионите и бродовите. Ова е трето истрелување на проектил во последните три седмици.

Северна Кореја истрела неидентификувана ракета од крајбрежниот регион Вонсан кон исток. Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин го свика Националниот совет за безбедност.
Јапонија го осуди ракетниот тест поради опасноста за авионите и бродовите. Ова е трето истрелување на проектил во последните три седмици.
Во меѓувреме, САД испратија и трет носач на авиони кон западниот Пацифик како предупредување на операциите на Пјонгјанг.
