Мариовско- мегленски културни средби
Големото Мариово, ако не може да ги врати раселените жители, упорно ги собира годишно на заеднички средби. Кај манастирот „Свети Илија“ кај Мелница се одржаа 33-те Мариовско- мегленски културни средби. Многу носталгија и заложба- да не се заборави, сега веќе, раселеното големо Мариово.

Малку сегашни и многу повеќе раселени Мариовци на средба по 33-пат. Мариовците заедно- со многу сеќавања, уште повеќе носталгија за она што тешко може да се врати- луѓето, детскиот џагор.
Неговите 800 жители во трите мариовски дела се, претежно, стари на кои им треба само да го заокружат животниот циклус.
Оние, пак, далеку од родното огниште, ја чуваат фолклорната традиција.
Последниве години ги нема Мегленци со кои низ вековите Мариовци тргувале, живееле, ги делеле животните радости. Здружението за мариовско-мегленски средби е решено да ги одржува традициите, културното богатство, да го оттргне Мариово од заборавот.
Мариово сега повеќе туристички е акрактивно со недопрената и чиста еколошка средина. За да заживее потребни се многу инвестиции. Но, некои сепак, решиле да им се вратат на корените.
Мариово зафаќа близу 1.400 километри квадратни и околу една петтина од македонската територија.
Елизабета Митреска
