Меркел: Европа веќе не може да зависи од САД и од Британија

29.05.2017 11:39

Коментарите следеа по самитот на Г7 откако Трамп одби да продолжи да учествува во договорот за климатските промени од 2015 година.

„Поради победата на претседателот Доналд Трамп и поради британскиот Брегзит, Европа веќе не може целосно да зависи од САД и од Обединетото Кралство“, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Коментарите следеа по самитот на Г7 откако Трамп одби да продолжи да учествува во договорот за климатските промени од 2015 година.

Меркел којашто ја спроведува кампањата за изборите во септември, потенцира дека сака пријателски односи и со овие две земји и со Русија.