Путин во посета на Франција

29.05.2017 10:49

Состанокот во Версај се одржува на одбележувањето на 300-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Франција и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Франција каде што ќе има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон.

Состанокот во Версај се одржува на одбележувањето на 300-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Франција и Русија.

Во резиденцијата на француските владетели ќе биде отворена и голема изложба по повод посетата на рускиот цар Петар Велики во 1717 година.

Макрон најави дека Сирија е главна тема, но и борбата против тероризмот е на агендата.