Судири на протестите во Венецуела
Претседателот Николас Мадуро тврди дека протестите се насилен обид да се урне неговата влада...
Повторно судири на протестите во Венецуела, но овој пат на собирот организиран од уметниците и медиумите на 10- годишнината од затворањето на антивладинита телевизиска станица Радио-Телевизија Каракас. Дел од музичарите свиреа додека полицијата се обидуваше со солзавец да ја растури групата.
„Протестирам со виолината. Националната гарда ми го скрши инструментот, но за подарок добив нов и ќе продолжам да доаѓам на протестите“, изјави Вили Артега, виолинист.
Претседателот Николас Мадуро тврди дека протестите се насилен обид да се урне неговата влада, обвинувајќи ги непријателските сили меѓу кои е и Вашингтон за економската војна во Венецуела. Во насилствата досега загинаа шеесетина луѓе.
