Координација кај Џафери за изборот на новиот владин кабинет

29.05.2017 12:37

На состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ. За утрешната седница се договарале СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, ДПА и БЕСА.

Кај претседателот на Собранието, Талат Џафери се одржа координативна средба за утрешната седница за избор на нова Влада. На состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ. За утрешната седница се договарале СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, ДПА и БЕСА.

Со спикерот Џафери е договорен редоследот за настап на пратениците по обраќањето на мандатарот Заев.

Според Деловникот за работа на Собранието, мандатарот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците.

По програмата и составот на Владата, Собранието води претрес најмногу два дена.