Случај „Диво насеље“: Обвинетите отстранети од судницата

29.05.2017 13:09

Адвокатите бараа, за случајот да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот шеф на Дирекцијата за безбедност и контраразнузавање, Сашо Мијалков.

Судијката што го води судењето за кумановска „Дива населба“ ги отстрани обвинетите од судницата, поради нивното бурно реагирање по одбиените предлози на одбраната.

Адвокатите бараа, за случајот да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот шеф на Дирекцијата за безбедност и контраразнузавање, Сашо Мијалков.

Во случајот се обвинети 37 лица за тероризам и терористичко здружување против Република Македонија.