Оланд во тридневна посета на САД
Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата Куќа го пречека францускиот претседател Франсоа Оланд...

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата Куќа го пречека францускиот претседател Франсоа Оланд, кој е во тридневна посета на САД, пренесува Би-Би-Си.
Во фокусот на разговорите се нуклеарната програма на Иран, конфликтот во Сирија и зголемувањето на екстремизмот во Северна Африка.
На прес-конференцијата пред започнувањето на официјалните разговори двајцата лидери ги истакнаа долгогодишни врски меѓу нивните земји и заедничките позиции за различни глобалните предизвици.
Посетата на Оланд на САД се случува за време на големата љубовна афера на францускиот претседател со познатата француска актерка и разделбата од неговата долгогодишна партнерка.
Посетата на Оланд политичките аналитичари ја опишуваат како нова ера на односите помеѓу Франција и САД и зближување на двете земји после „заладените“ односи кои настанаа во 2003 година околу војната во Ирак.
