Во Москва приведен црногорски пратеник
29.05.2017 13:41
Според медиумите, при приведувањето на Вуковиќ му било соопштено дека следниот ден ќе биде депортиран со првиот лет кон Тиват.

Пратеникот во црногорското собрание од редовите на владејачката Демократска партија на социјалистите, Миодраг Вуковиќ, бил приведен на московскиот аеродорм „Домодедово“.
Според медиумите, при приведувањето на Вуковиќ му било соопштено дека следниот ден ќе биде депортиран со првиот лет кон Тиват. Причините за приведувањето на Вуковиќ официјално не се соопштени, но медиумите пишуваат дека тој бил приведен поради „политички мотиви“.
Вуковиќ бил приведен додека патувал кон Минск, каде требало да учествува на парламентарното заседание на Централноевропската иницијатива.
