Иванов од Брисел бара почнување на преговорите за членство во Унијата

29.05.2017 14:56

Претседателот Ѓорге Иванов денеска одржа работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија. На дипломатите им прененел дека статус- квото не смее да продолжи...

Европската унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, побара претседателот Иванов на средбата со амбасадорите од земјите- членки на Унијата.

Иванов на дипломатите им прененел дека статус- квото не смее да продолжи. Шефот на државава од лидерите на парламентарните партии бара да покажат одговорност и да ја обноват посветеноста за европска и за евроатлантска Македонија, приоритет да им бидат законите и решенијата од европската агенда.

Амбасадорите посочиле оти со доделувањето на мандатот за состав на новата влада се отвора можност за нормализација на состојбите и за политичка стабилност во земјава.