Металургија: Намалено производство и извоз, нема подмладување
Металската индустрија во земјава работи со половична извозна моќ, производството на основни метали е значително намалено, нема подмладување на персоналот, решението е во нова стратегија, посочува Здруженито на металурзите.

Промена на производната и извозна структура за забрзување на економскиот раст- сугерираат експертите. Апелираат со диверзификација, концентрација на извоз на повеќе производи со поголема додадена вредност, ќе се надминат сериозните проблеми и на металната, машинска и електроиндустрија во земјава. Стариот наследен модел е неповолен, претприемачкиот дух во реалниот сектор речиси две децении недостига, нема развојна економска стратегија да ја спаси влошената состојба во овие сектори под притисок на неповолните светски влијанија и домашното опкружување- предупредува Здружението за металургија. Предлагаат примена на нова стратегија со сет индустриски мерки за редефинирање на економските политики.
„Нереално е да очекуваш да правиш вселенски брод, ама реално е да очекуваш барем мотика. Ако некогаш во Југославија сме правеле компоненти за Боинг, а денеска не правиме ниту мотика, можеме барем нешто на планот на диверзификацијата да постигнеме, за да ја добиеме додадената вредност“, посочува Митко Кочов.
Индустриското производство во металската индустрија е на незадоволитено ниво, извозот бележи пад, млад кадар за работа нема. Условите на светскиот пазар се неповолни, домашното опкружување притиска- предупредуваат од Стопанската комора. Потенцијал за извозна диверзификација има, да се идентификуваат прозиводите со средно ниво на софистицираност и реални економски можности за компаративни врендости. Креаторите на новата стратегија со спротивни ставови на досегашните обид за престурктуирање на економијата кон високи технолошки сектори.
„Извоз на производи со средно ниво на софистицираност, наспроти нашите нереални желби и амбиции да влеземе во структурна трансформација кон отпочнување на производство на високо софистицирани производи, кои практично според нашиот капацитет, според нашите компаративни предноси, во оваа фаза од македонската економија е практично невозможно“, вели професорот Дарко Лазаров.
Машини во текстилната индустрија, во градежниот сектори, делови за автомобилскатаи електроиндустријата- овие производи според познавачите имаат потенцијал да се произведуваат во Македонија. Студијата сугерира и реформирање на образовниот систем според потребите на бизнис- секторот, градење иновациски капацитети и подобар третман на домашните компании.
Сузана Фиданска- Стоевска
