Иванов: ЕУ да направи исчекор и да определи датум за почеток на преговори
Брисел да определи датум за почеток на преговорите со Македонија, лидерите на парламентарните партии да покажат одговорност и да се фокусираат на интегративните процеси. Ова е главната порака од средбата меѓу претседателот Иванов и амбасадорите на земјите- членки на Европската унија. Шефот на државава бара придвижување на работите, смета дека статус-квото не смее да продолжи...

Потребно е Европската унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, да ги отвори поглавјата 23 и 24 за областите правосудство, основните права, правдата, слободата и безбедност кои ќе дадат поттик за интензивирање на реформските процеси- ова го побарал претседателот иванов на работната средба со амбасадорите на земјите- членки на Европската унија.
„Статус- квото не смее да продолжи. Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес, како и обединувачката моќ на процесот, за соочување со длабоката политичка поларизација во земјата“- изјавил Иванов.
Шефот на државава побара од лидерите на парламентарните партии, приоритет да им бидат законите и решенијате од европската агенда.
„Лидерите на парламентарните партии да покажат одговорност и да ја обноват посветеноста за европска и за евроатлантска македонија, а приоритет да се даде на закони и решенија од европската агенда“- истакнал претседателот Иванов.
Амбасадорите на земјите- членки на Европската унија се задоволни од одлуката на Иванов да го додели мандатот. На средбата посочиле дека е со тоа се отвора можноста за нормализација на состојбите и за политичка стабилност во земјата. Ја пренеле пораката дека унијата е подготвена да се ангажира за земјава и за целиот регион да бидат високо на агендата во институциите во Брисел.
Игор Панов
