Собраниска седница за избор на новата Влада
Владата треба да биде избрана два дена по отпочнувањето на седницата односно најдоцна до среда на полноќ. За таа да биде избрана потребно е да гласаат најмалку 61 пратеник.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која единствена точка на дневниот ред е избор на Влада. Собраниската седница е закажана за 11 часот.
Според Деловникот за работа на Собранието, мандаторот Заев ќе има обраќање пред пратениците по што ќе следува претресот. Редоследот на говорите на пратениците и седењето во собраниската сала беше договорен на вчерашната координативна седница со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. На оваа седница не присуствуваше претставник од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата треба да биде избрана два дена по отпочнувањето на седницата односно најдоцна до среда на полноќ. За таа да биде избрана потребно е да гласаат најмалку 61 пратеник.
Во новата Влада министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седница на Собранието за избор на Влада на Република Македонија.
