Макрон и Путин на изложба во Версај посветена на рускиот цар Петар

30.05.2017 10:59

Претходно разговараа за состојбата во Сирија и во Украина, како и за човековите права и медиумите во Русија.

Претседателите на Франција и Русија Емануел Макрон и Владимир Путин ја посетија изложбата во Версај посветена на 300-годишнината од престојот на рускиот цар Петар Велики во Париз.

Претходно разговараа за состојбата во Сирија и во Украина, како и за човековите права и медиумите во Русија.

Путин оваа изложба требаше да ја отвори во октомври лани, но посетата беше откажана по влошувањето на односите меѓу Париз и Москва поради воената кампања на сириските власти потпомогнати од Русија.