Морено: Асанж е хакер, но меже да остане во амбасадата во Лондон

30.05.2017 12:19

„Асанж е хакер. Тоа е нешто на коешто се спротивставуваме, особено јас лично, но свесен сум за ситуацијата во која се наоѓа и мора да се почитуваат неговите човекови права. Но, и ние бараме почит од него“, изјави Морено.

Новиот претседател на Еквадор, левичарот Ленин Морено, го нарече „хакер“ Џулијан Асанж, но дозволи основачот на Викиликс да остане во амбасадата на оваа земја во Лондон.

„Асанж е хакер. Тоа е нешто на коешто се спротивставуваме, особено јас лично, но свесен сум за ситуацијата во која се наоѓа и мора да се почитуваат неговите човекови права. Но, и ние бараме почит од него“, изјави Морено.

За неговиот претходник Рафаел Кореа, Асанж беше новинар и му овозможи азил во еквадорската амбасада во Лондон во 2012 година за да се спаси од испорачување во Шведска поради обвиненијата за силување.

Морено, којшто даде заклетва на почетокот на месецов, уште во предизборната кампања зазеде остар став кон Асанж, преудпредувајќи го да не се меша во политиката на земјите кои му се пријатели на Еквадор.