Подлатчиков златен, јапонците одлични
Јуриј Подлатчиков-швајцарецот со руско потекло и двајцата јапонци, Ајуму Хирано и Таку Хираока ја сменија сноуборд картата на светот.

Во полуцевката на Олимписко Сочи ништо од најавуваната доминација на американските сноубордери, ништо од потврдата на 2-та златни или вкупно 4 медали од Торино и Ванкувер, прескромно издание на најголемиот во историјата Шон Вајт и само 4-то место како утеха за пропуштената шанса за трет едноподруго златен Олимписки медал.
Но затоа златото заслужено е на градите на Подлатчиков, атрактивен , сигурен за 94.75 во втората серија за прво место пред детето од истокот кое и пркоси на гравитацијата. 15-ет годишниот Ајуму Хирано импонира со своите два настапа и со Олимпиското сребро најави блескава иднина, као и неговиот три години постар сонародник Таку Хираока кој заврши на третата позиција.
