ВМРО-ДПМНЕ: СДС по втор пат го деградира Собранието
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС сега срамно закажа седница за избор на Влада за само еден ден. Тоа претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.

СДС по втор пат го понижи и деградира Собранието на Република Македонија за само месец дена, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. СДС ги погази Уставот, деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание при обидот насилно и нелегално да го изберат Талат Џафери за претседател.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС сега срамно закажа седница за избор на Влада за само еден ден. Тоа претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.
Посочуваат дека во изминатите 16 години, во Република Македонија се воспостави демократска практика каде што се оставало простор од минимум 12 дена помеѓу доставувањето на предлогот за избор на Влада и закажувањето на собраниската седница.
Ова е простор за јавна дебата и сериозна анализа на владината програма и предложените кандидати за министри. Ова е простор за подготовка на квалитетна дискусија, стои во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.
