Одложена седницата за „Монструм“
Јавната обвинителка Спасовска побара од Судот расправата да биде одложена на подолг период, за да бидат прибавени доказите од Специјалното јавно обвинителство поради како што рече, целосно расветлување.

Јавната расправа за случајот „Монструм“ за доживотните казни на обвинетите се одложи откако беше константирано дека двајца од адвокатите- бранители на обвинетите не се присутни.
Јавната обвинителка Спасовска побара од Судот расправата да биде одложена на подолг период, за да бидат прибавени доказите од Специјалното јавно обвинителство поради како што рече, целосно расветлување.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски образложувајќи дека Јавното обвинителство имало време да ги побара доказите од Специјалното јавно обвинителство, остана на ставот дека расправата ќе се одржи во веќе утврдениот термин, на 9-ти јуни.
