Саем за вработување во Кавадарци

30.05.2017 13:20

Во спортската сала „Јасмин“ невработените имаат можност директно да се информираат за условите за вработување, а работодавачите да ги претстават нивните потреби за работен кадар.

Отворен саемот за вработување во Кавадарци. 30-тина компании ги претставуваат нивните потреби за работен кадар.

Во спортската сала „Јасмин“ невработените имаат можност директно да се информираат за условите за вработување, а работодавачите да ги претстават нивните потреби за работен кадар. Во рамките на саемот се одржува Форум за работодавци и Инфо- средба за млади.

Настанот е дел од карванот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со кој се опфатени и Скопје, Штип, Битола, Тетово и Струмица.